Ако сака сега да избега мора да е магионичар – Еве како го чуваат озогласениот Ел Чапо!


Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман Лоера, попознат по прекарот Ел Чапо, пред шест месеци по вторпат избега од затвор, користејќи детално испланиран и спроведен план. Во бегството имаше подземни тунели, ископани специјално за неговото бегство. Доколку тој случајно по трет пат избега од затвор, светот може да го нарече новиот Худини. Имено, затворот во кој сега се наоѓа, постојано воведува нови мерки за безбедност.el capo33

Тој се наоѓа под таков надзор што бегството навистина изгледа како невозможна мисија, освен ако во него не му помогне добро вооружена војска.

Откако пред две недели беше уапсен и вратен во затворот Алтиплано, тој не може ни да мрдне без тоа да го забележат голем број сензори на движење. Покрај него постојано има чувари со камери на шлемовите, кучиња истренирани да реагираат на неговата миризба, додека под подовите во ќелиите во кои престојува има дополнителни челични шипки.elcapo

Ел Чапо го уапсија мексикански специјалци во Лос Мочис, кои во пресметката користеле јуришни пушки и гранати.

Гузман накратко успеал да им избега низ таен премин кој се наоѓал зад огледало во спалната соба и минал повеќе од километар и пол пред во канализацијата да биде пуштено големо количество вода за да го натераат да излезе надвор.

Маринците во акцијата морале да се изборат со 15 членови на неговиот картел Синалоа кои го чувале вооружени со автоматски пушки и ракетни фрлачи. Беа убиени петмина бандити, а во борбата беше полесно ранет еден специјалец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1