Вработените во маркетингот се најплатени на пазарот. Според податоците на државната статистика, месечно заработуваат во просек по 49 илјади и 500 денари. Во однос на октомври минатата година, платите во овој сектор им се зголемиле за 50%, додека од почетокот на годината до октомври за 23%, анализира Сител.
Веднаш зад нив се вработените во финансиските услуги и дејностите во осигурувањето. Пресечната исплатена плата изнесува 48 740 денари. Следуваат вработените во воздухопловниот транспорт со речиси 46 илјади плата , . Најбараните професии на пазарот – програмерите и Ит техничарите заработуваат во просек по 40 илјади денари. Вработените во фармацијата, енергетскиот сектор, консалтинг услугите земаат плата од 37 до 39.000 денари.
Според статистиката, просечната исплатена нето плата во октомври изнесува 21 717 денар. што е порасат за 2,2% во споредба со октомври минатата година. За истиот период пак, 1,4% од вработените воопшто не зеле плата.
Благ пораст на месечните примања има во рударството., градежништвото, здравствната и социјалната заштита. Според пресметките на статистиката,. во просек по 26.860 денари се примањата во вработените во рудаството. Градежниците земаат над 19 илјади, а здравствените и социјалните работници по 24 и 500 денари.