Ако сакате да терате романтика – 1 час изнјамување на кочијата е 6.000 денари


 Доколку сакате да ја изнајмите кочијата за комерцијални потреби како што е снимање на филм, спотови и слично тогаш цената од еден час е 6000 денари. Интерес за изнајмување има најмногу за свадби, велат од Луна паркот, за весникот Вечер.

pajton24За еден час фотосесија во кочијата  младоженците ќе треба да платат 4000 денари. Толку е тарифата ако сакате овој момент да го овековечите во поинаква атмосфера возејќи се со пајтонот низ центарот на градот. Доколку пак сакате да ја изнајмите кочијата за комерцијални потреби како што е снимање на филм, спотови и слично тогаш цената за еден час е 6000 денари.

  Директорот на Луна паркот Миодраг Атанасовски кој е и надлежен за кочијата, вели дека најголем интерес за изнајмување на пајтонот има за фотографирање за свадби, но заинтересирани имало и за родендени и сунети.

“Ако младиот брачен пар сака да се фотографира еден час ќе го чини 4000 денари, при што фотографирањето може да биде единствено на локациите на утврдената траса по која се движи пајтонот. Досега интерес граѓаните пројавија најмногу за свадби, но интерес има и за родендени и сунети, но ги одбиваме бидејќи кочијата има утврдена траса и не може да се изнајмува и да се носи пред домовите”, вели Атанасовски.

kocijaДиректорот информираше дека кочијата деновиве повторно ќе сообраќа низ централното подрачје, но со помало работно време од претходното. Имено пајтонот ќе вози вкупно пет часа, од 18 часот попладне до околу 22 часот. Овие мерки се преземени за да се зачуваат коњите, да не се преморат бидејќи како што велат од Луна паркот претходно коњите не застанувале и без престан се движеле.

Инаку, додека беше принудниот одмор за коњите, градските власти го искористија да го подобрат квалитетот на трасата по која сообраќа пајтонот, со тоа што беа асфалтирани дел од местата каде што беше оштетен асфалтот и е зголемена должината на трасата. Освен што пајтонот ќе вози низ Плоштад, Жена-парк, улица Македонија, трасата му е продолжена и по кеј 13 Ноември. Патеката за пајтонот веќе е исцртана. Од Луна паркот велат дека иако патеката е продолжена, цената на билетот за едно крукче со кочијата низ Центар останува 100 денари за возрасни и 50 денари за деца.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1