Ако скинете гума на оштетена улица, ќе си добиете отштета


Скината гума, скршен бандаж може да биде резултатот доколку на скопските улици прегазите дупка. Иако веќе се реткост особено во централното градско подрачје, сепак на периферијата на градот големи се шансите со својот автомобил да налетате на оштетен асфалт. Македонско-косовска бригада е една од најпрометните улици во овој дел на градот.

Тука секојдневно минуваат илјадници возила кои се соочуваат со овој проблем. Таа води од улицата Пластичарска кон Скопје Север и речиси и да нем место каде не е оштетена. Шанси за надокнада на штетата единствено ќе имате доколку ја повикате полицијата и инсистирате на службен записник.dupka pat kola guma

-Секогаш кога доаѓа тужбено побарување оној кој претрпел штета треба да повика полиц0;ја да се направи записник и понатаму тече постапката, вели директорот на Јавното претприајтие Улици и патишта, Синиша Ивановски во изјава за Сител телевизија.

Пред само 5 години во надлежното јавно претпријатие Улици и патишта пристигнувале по неколку тужби дневно за оштетени возила на главните улици. По градежната експанзија пристигнува само по едно барање за оштета годишно.

-Порано имало многу повеќе случаи и истите и се губеле, но од 2010 година кога почнаа реконструкциите на улиците има се помалку жалби од граѓаните. Па така годинава има само една до две тужбени побарувања за оштета на автомобил, вели Ивановски. Ниту во полицијата нема нови случаи за пријава на оштетен автомоби1083; на градските улици. Од МВР велат дека доколку гражаните и пријават тие треба да покренат приватна тужба. Според Ивановски во неколку случаи биле неосновани барањата за оштета бидејќи несреќите биле инсценирани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1