Обвинетите до последен збор се колнат во својата невиност. Велат дека не се терористи и дека нивното алиби е издржано и не биле на кобното место кога се случило убиството…
Адвокатите побараа обвинетите да се ослободат од обвинението бидејќи, велат, вистинските виновници не седат на обвинителните клупи во скопскиот Кривичен суд. Според одбраната, не постојат материјални докази за тоа кој и со што пукал во петте лица. За изјавата на заштитениот сведок рекоа дека е конфузна и контрадикторна.Обвинетите повторно се изгласија дека се невини.За исказот на заштитениот сведок, клучен за обвинителството, велат дека е конфузен, нејасен и не докажува ништо.
Додека еден од обвинетите се колнеше во Господ дека не е виновен, другиот додаде: „Ако јас сум виновен да ме обесат на плоштад“.
На 18- ти месецов судот ќе ја изрече казната за најмонструознотоубиство во соверемена Македонија. Судскиот процес за петкратната егзекуција кај Смиљковското Езеро заврши.
Обвинителството минатата недела побара најстрога казна. Законот за ова дело дозволува и казна доживотна робија ако се потврди нивната вина.
На двајцата првообвинети, кои се посочуваат како директни извршители, им се суди во отсуство. Издржуваат казна во затвор на Косово.