Вечер прво полуфинале од „Макфест 2014“


Во салата на домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, вечерва по 20:15 часот, 15 изведувачи ќе се борат за влез во финале.

Само деветмина од нив ќе влезат, и со тоа ќе се борат во сабота за наградниот фонд од 20.000, 15.000 и 10.000 евра.

На сцнета ќе има двајца водители, бидејќи со досегашниот водител Вера Јанковиќ не нашле заеднички јазик. Во­ди­те­ли на “Мак­фест” ќе би­дат Мар­ја­на Ста­ној­ков­ска и Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски, по 14 го­ди­ни во­ди­тел­ство на Ве­ра Јан­ко­виќ.

Makfest2012-mМТВ, на пр­ва­та прог­ра­ма, ќе вр­ши ди­рек­тен пре­нос од си­те три ве­че­ри, во 20.30 ча­сот.

. Што се однесува до ревискиот оркестар, уметничкиот директор Оливер Арсовски кажа дека се функционира во ред, додека техничкиот директор Трајче Јованов напомена дека сцената и аудио-визуелниот сегмент е под контрола.

Пр­ва­та по­лу­фи­нал­на ве­чер ќе ја от­во­ри Јо­це Па­нов, а ќе нас­та­пат: Алек­сан­дар Бе­лов, Ми­ки Се­ку­лов­ски, Бо­јан Стој­ков, Алек­сан­дра Ја­не­ва, Крис­ти­на Кос­тов­ска, Си­мо­на По­пов­ска, Дар­ко Или­ев­ски, Ис­кра Тр­пе­ва-Ар­сов­ска, Ма­ја Ву­ки­че­виќ, Ли­ди­ја Ко­чов­ска, Вик­то­ри­ја Ло­ба, На­де Та­лев­ска и Ле­на Зат­ко­ска. Во вто­ра­та по­лу­фи­нал­на ве­чер нас­та­пу­ва­ат: Са­ра Мејс, Де­јан Та­сев, Ел­вир Ме­киќ, Фи­лип Јор­да­нов­ски, “Но­ка­ут”, Ми­ле Куз­ма­нов­ски, Го­ран На­у­мов­ски, На­та­ша Ма­лин­ко­ва, Крис­ти­јан Ми­цев, Мар­ти­ни­јан Ки­ри­лов­ски, Алек­сан­дар Та­ра­бу­нов, Та­ма­ра То­дев­ска, Влат­ко Или­ев­ски, Би­ба До­де­ва и Ро­бер­то Поп Ди­мит­ров.

За прв пат фес­ти­ва­лот ќе се одр­жи ком­плет­но во жи­во, со ор­кес­тар.

makfest-logoДра­ган Ми­јал­ков­ски, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски и Ка­ли­о­пи ќе би­дат гос­ти во ре­ви­јал­ни­те ве­че­ри. Тие ќе нас­та­пат за вре­ме на гла­са­ње­то во две­те по­лу­фи­нал­ни и фи­нал­на­та ве­чер, со пол­ча­сов­но шоу. Дра­ган Ми­јал­ков­ски ќе нас­та­пи ве­чер­ва. По­бед­ни­кот на “Икс фак­тор”, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, ќе има свое шоу ут­ре­ве­чер, а поп-ѕвез­да­та Ка­ли­о­пи в са­бо­та­та, во фи­на­ле­то.

Го­ди­на­ва ќе се гла­са ис­клу­чи­во со те­ле­во­у­тинг и ед­на СМС-по­ра­ка ќе зна­чи еден глас. Це­на­та на ед­на СМС-по­ра­ка е 10 де­на­ри, а средс­тва­та соб­ра­ни ќе би­дат на­ме­не­ти за по­мош на поп­ла­ве­ни­те во Ср­би­ја и во Бос­на.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1