Граѓаните што сметат дека се оштетени од туристичка агенција може да бараат обештетување или преку поднесување претставка во Државниот пазарен инспекторат или преку надлежен суд.
Ако инспекторите утврдат дека туристичката агенција навистина ги прекршила потрошувачките права на клиентот, пазарните инспектори и даваат рок од пет дена да постапи според договореното со потрошувачот. Ако агенцијата не го стори тоа, ќе добие забрана за вршење дејност, а против неа ќе се поведе и прекршочна постапка.
За да може да добијат отштета, незадоволните туристи мора пред надлежните институции да приложат докази како што се потпишан договор со агенцијата, фискални сметки, фотографии и сл.
Секогаш склучете договор во пишана форма, но претходно добро запознајте се со договорот, препорачува брошурата за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања.
Главниот проблем со пријавите од граѓаните е неисполнувањето на договорите кои патниците ги потпишуваа со агенциите, рече министерот за економија Ваљон Сараќини при презентација на новата брошура за потрошувачите и нивните права.
Измамените и незадоволни патници, освен што имаат право да побараат враќање на уплатените пари, дополнително може да бараат и отштета за претрпен стрес и за душевна болка. За жал, малкумина патници во земјава знаат за ова нивно право поради што кај нас досега не е поведена ниту една ваква тужба.
Туристите со резервираниот хотел, а таму нема слободни соби за нив. Наместо во апартман, добиваат сместување во соба со четири кревети или влегуваат во автобусот со резервирани карти, а во него нема слободно место. Ова се само дел од ситуациите објаснети во брошурата што ја објави Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) за кои граѓаните имаат право да бараат надомест на штета.
– Во секој случај, организаторот е должен да понуди, без дополнително плаќање, адекватен алтернативен аранжман и во согласност со потрошувачот патувањето може да продолжи. Доколку постои разлика во цената помеѓу договорените и дадените услуги, организаторот е должен разликата да му ја надомести на потрошувачот. Kога патувањето и одморот се доведени во прашање, имате право да барате и паричен надомест за бескорисно изгубено време од одморот. Имотната и неимотната штета се признаваат и се надоместуваат по судски пат