Ако ви е мил животот, не патувајте на овие места


Иако никаде во светот не можете да бидете 100 проценти сигурни, некои градови од конкретни причини се навистина поопасни од останатите.

Ви ја претставуваме листата од 7 најопасни градови во светот.

siluvanje1. Баркисимето, Венецуела

Иако брои нешто повеќе од милион жители, што за држава од латинска Америка е многу малку, во овој град секојдневно се случува некаков криминал. Убиствата на улиците се случуваат како “Добар ден”, а иако во минатото бил популарна туристичка дестинација, сега туристите се повеќе го избегнуваат.

2. Пешевар, Пакистан

Овој град според многумина е еден од најопасните во светот, а причината се разните племиња кои меѓусебно се борат за опстанок. Со самото тоа и туристите се мета на сите криминалци. Бидејќи никој не сака да биде жртва на силување, киднапирање, убиство – едноставно не одете во Пешавар.

3. Сана, Јемен

Јемен е една од оние држави кои не се баш најстабилни, па и прашање е кој ќе може да ви помогне доколку влезете во непријатна ситуација. Доколку веќе одите во овој град, не ја пропуштајте прекрасната архитектура. Секако, тоа направете го преку ден.

4. Акапулко, Мексико

Знаете сигурно за ова прекрасно туристичко место во Мексико во кое барем еднаш вашиот омилен лик од серијата бил на летување. Но лошата страна, која не можете да ја сретнете во серијата, е тоа дека во градот има банди и картели со кои веројатно ќе имате судир, доколку на некој начин им влезете во очи.

5. Масејо, Бразил
Дали знаете дека во Бразил има дури 14 градови кои се сметаат за најопасни во светот? Масејо е еден од тие градови, со преку 135 убиства на 100.000 жители годишно. Овој град е поопасен и од Рио де Жанеиро.

6. Могадиш, Сомалија
Доколку одите во Сомалија – дали со брод, со автомобил, воз или автобус, големи се шансите да бидете киднапирани. Во суштина, нема шанси да бидете сигурни било каде во оваа земја, па размислете 2 пати пред да ја посетите Сомалија.

7. Најроби, Кенија
Денес Најроби е финансиски и политички еден од највлијателните градови во Африка. Во него свое седиште имаат многу фирми и организации, вклучувајќи го и главниот штаб на ОН во Африка. Но и покрај тоа, Најроби не е сигурен град. Затоа, држете се до вашиот водич и не се истакнувајте со големи фотоапарати, шешири…Не се истакнувајте со било што!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1