Ако видите бели линии на месото, размислете дали ќе го јадете! ВИДЕО


Ако забележите бели линии по месото тоа е знак дека пилето имало мускулно заболување. Не е штетно за јадење како такво, но многу зборува за тоа во какви услови е одгледувано пилето.

Оваа појава го намалува квалитетот на месото и ја зголемува содржината на маснотиите до 224 отсто повеќе, а како што е добро познато, мрсната исхрана е главна причина за срцевите заболувања.

На заболувањата се подложени се повеќе пилиња кои се принудени побрзо да растат за да се задоволи нормативот на тежината за продажба.

Тежината од три килограми некои пилиња ја достигнуваат и за само 47 дена. Во текот на 50-тите години од минатиот век, им биле потребни 70 дена за да достигнат еден и пол килограм.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1