Ако во последните 12 години сте купиле Ред Бул, Ви должат пари! Еве зошто


Компанијата Ред Бул се согласи да плати 13 милиони долари отштета врз основа на групната тужба во САД, поради тоа што нејзиниот слоган „Ред Бул ви дава крила“ се покажал како невистинит, пренесуваат странските медиуми. Ред Бул во своите реклами тврди дека овој енергетски пијалак може да ја подобри концентрацијата и брзината на реакцијата, но во тужбата е наведено дека овие тврдења се лажни и дека немаат научна основа.

redbull___gives_you_wings_by_jnbdesignd3b9min-300x187Додека тужбата сѐ уште не открила дали тужителите се разочарани поради тоа што не им пораснале крила, во неа стои дека Ред Бул во голема мера се потпира на термини како што се „крила“ и „подобрување“ за на потрошувачите да им остави впечаток дека напитокот може да пружи одредено физичко и психичко подобрување. Доколку судот ја прифати предложената спогодба, компанијата ќе мора да исплати 6.5 милиони долари во посебен фонд, во рок од 7 дена.

Ред Бул истотака ќе мора на разочараните потрошувачи, кои што го купиле овој енергетски пијалак во периодот меѓу 1 јануари 2002 година па сè до 3 октомври 2014 година да им достави чек од 10 долари или купон за купување на нивните производи до вредност од 15 долари. Како што наведуваат на сајтот BuzzFeed, мора до 2 март 2015 година да се пополни формулар. Како што наведуваат, не е потребен доказ дека Ред Булот бил купен.

ЗаСе.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1