Што неговата активност на Фејсбук открива за вашата среќа?


Живееме во време кога технологијата се вовлече во секој дел од нашиот живот.

Па така и оној љубовниот. Токму затоа, не е чудно што во последно време влијанието на Фејсбук на врските стана предмет на научно истражување. Ова истражување конкретно се занимава со прашањето што неговата активност на оваа социјална мрежа може да открие за неговото задоволство во врската. И еве што се дозна.

face kompjuterВо истражувањето учествуваа 108 хетеросексуални двојки, кои два дена морале да водат дневник за тоа како се чувствуваат во своите врски и насоката во која таа оди. Потоа тие записи истражувачите ги споредуваат со податоците за тоа колку двојката е интерактивна на Фејсбук.

Кога луѓето се чувствуваат повеќе несигурно во чувствата на партнерот, тие објавуваат повеќе за својата врска. Со други зборови, ако те нервира тоа што тој ретко коментира или ги лајкува твоите фотографии и статуси или објави на ваша заедничка фотографија, според ова истражување, тоа е добра вест.

Ако тој одбива во дигиталниот свет да шири инфомрации за вашата врска, тоа значи дека таа оди во добра насока и дека е среќен. Тој секако може да објавува заеднички фотографии, да не се разбереме погрешно, но нема потреба секој ден да истакнува колку вие се сакате.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1