Ако возите со 2 промили алкохол во крвта ќе го одземат автомобилот: Нов закон кај комшиите – ќе дојде ли и кај нас?


Српското Министерство за внатрешни работи денеска претстави измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои е предвидено трајно одземање на автомобилот при драстично непочитување на правилата.

alkotest

 

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека целта на тој предлог-закон, кој наскоро ќе се најде пред парламентарците, е заштита на животот на сите учесници во сообраќајот.

Според него, одземањето на автомобилот е заштитна мерка и ќе се применува за прекршоци како што е управување без возачка дозвола или управување возило со над два промила алкохол во крвта.

Овој предлог-закон доаѓа само неколку дена по трагичната сообраќајка во која три млади лица го загубија животот излетувајќи со нивниот автомобил во реката Дунав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1