Акробат на „Cirque du Soleil“ падна од 15 метри и почина пред очите на публиката (Видео/фото)


Членката на циркусот „Cirque du Soleil“ почина за време на изведбата на претставата „Ка“ во Лас Вегас.

sara-3-260x153

Очевидци за локалните медиуми велат дека до несреќата дошло пред крајот на претставата во казиното MGM Grand.

Французинката Sarah Guyard-Guillot (31) паднала од 15 метри височина, потоа била пренесена во болница каде била констатирана смрт.

„На почетокот многумина мислеа дека е дел од претставата. Но, потоа се слушнаа врисоци и лелекања на една од девојките на сцената“, изјавил еден од посетителите.

sara-1

sara-2

Шоуто сепак продолжило, но набрзо било прекинато. Неколку минути по несреќата посетителите биле известени дека ќе им бидат вратени парите или ќе им биде даден ваучер за друг претстава.

„Срцето ни е скршено, изразуваме сочуство до семејството. Сите сме растревожени.

Секоја вечер со голема почит се потсетуваме на нашиот уметник. Сега се фокусираме на подршка кон семејството“, соопшти основачот на групта, Ги Лалиберт.

Сара има две деца и е член на оригиналната постава на „Ка“ од 2006-та.

Како изведувач-акробат работела повеќе од 20 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1