Иако во познатата серија „Игра на престолите“ таа глуми проститутка, актерката призна дека и во вистинскиот живот била токму тоа. За Џозефин Џилијан, оваа серија е спас.
– Таа серија ме спаси од проституцијата и ме направи посилна личност. Заработував за живот работејќи како ку*ва и снимајќи филмови за возрасни под името Софи О’Бриен – призна актерката во интервју за „Дејли мејл“.
Toгаш го видела огласот на интернет, во кој се барала млада жена, со природни гради и без тетоважи, која нема проблеми со снимање разголени сцени. Кога ја одбрале, вели, не ни помислувала до кој степен оваа серија ќе ѝ го промени животот.
Џилијан имала тешко детство обележано од сексуално малтретирање, алкохол и дрога. Променила 24 основни училишта откако мајка ѝ побегнала од насилниот партнер. Центарот за социјални работи ја сместил во дом, а потоа и во згрижувачко семејство.
– Еден пријател на тоа семејство ми даде марихуана и алкохол кога имав 12 години. Две години подоцна веќе бев зависничка од кокаин. Ме силуваше, а потоа ме подводуваше на својот пријател. Тогаш премногу се плашев да кажам некому бидејќи ми рече дека ќе ме убие и ќе ме закопа во дворот и дека тоа нема да му е првпат – раскажува таа.
Последица на тоа тоа детство била и нејзината работа како проститутка, но по улогата во „Игра на престолите“ завртила нов лист во својот живот.