Младата актерка и манекенка со македонски корени, Сарита Бредли (31) која долги години живее и работи во Германија, има мала но значајна улога во новиот филм на режисерот Оливер Стоун, насловен „Snowden“ (Сноуден) , пренесува порталот „МакМода“.
– Имав мала, но за мене многу значајна улога, во филмот „Сноуден“ во кој главната улога ја има холивудскиот актер Џозеф Гордон Левит. Во филмот јас глумам пријателка на актерката Шејлин Вудли – изјавила Сарита за порталот „МакМода“.
Сценариото на филмот кој всушност е биографско политички трилер за поранешниот американски разузнувач Едвард Сноуден, е базирано на книгата„The Snowden Files “.
Сарита Бредли која води потекло од Прилеп долги години живее во Минхен. Сарита е честа гостинка во Македонија и таа одлично го разбира и зборува македонскиот јазик.