Актерот Камерон Бојс (20) почина во сон


Актерот Камерон Бојс (20), кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера почина во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.

– Со огромно жалење ви соопштуваме дека го загубивме нашиот Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше, се вели во соопштението.

Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси”, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел”, „Потомци“ и „Возрасни”.

Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер” што наесен ќе се прикажува на ХБО.

Во слободно време, момчето се занимаваше и со хуманитарна работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1