Никола Наумоски, активист од невладината „Плоштад слобода“, се пожали на својот Фејсбук профил дека бил претресуван од полиција во Градскиот парк во Скопје на сред бел ден и без никаква причина, пишува Либертас.
– Во 11:30 ме соблекуваат џандари во парк пред пензионери и родители со деца заради редовна проверка!? Случајни минувачи во парк почнавме да претресуваме, а? Пред канцеларијата на градоначалникот – напиша Наумоски на Фејсбук.
Како што раскажа Наумоски за Либертас, тој пешачел пред канцелариите на Град Скопје, кога пред него застанал цивилен џип со затемнети стакла од кој излегле двајца полицајци во цивил, кои се легитимирале и му побарале лична карта, како и неговиот ранец за проверка. Потоа, освен ранецот, го соблекувале и му направиле целосен претрес.
Не добил никаква причина, а кога прашал зошто го претресуваат, добил одговор – „ништо не е случајно“, по што го пуштиле.
Наумоски е фронтменот на невладината „Плоштад слобода“ која е позната по критиките за проектот Скопје 2014.
Од СВР скопје велат дека бил претресен само неговиот ранец, оти местото било многу фрекфентно и имало многу крадци – во полицискиот извештај стои дека е претресуван кај паркот Жена борец во центарот на Скопје.
– Не е точно. Ме претресуваа, и не само ранецот, туку секаде, само не во гаќите, и не во Жена парк, туку кај Градскиот парк – вели вели Наумоски за Либертас.
Тој остана на тврдењето дека полицаецот кој го претресувал, на неговото прашање, зошто му го прават ова, два пати му рекол „ништо не е случајно“.
Либертас