Акција во тек – Се апсат цариници


2carinaУтрово се приведени неколку цариници од граничниот премин Ново Село кај Струмица и неколку лица кои полицијата ги сомничи дека работеле како група и шверцувале текстилна роба од Бугарија, потврдија од МВР за Плусинфо.

Детали за акцијата која сè уште трае од МВР најавија за подоцна. Во тек се претреси низ домовите на осомничените, а според неофицијални информации, полицијата и УЈП ќе вршат претреси и низ бутици во Струмица и околните места.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1