Дали треба да ги перете новите работи, најмногу зависи од тоа дали имате чувствителна кожа и како реагирате на осипи, инсекти и болести, пренесува Тудеј.
Доналд Белсито, професор по дерматологија од Универзитетот Колумбија, предупредува дека новата гардероба не е воопшто чиста како што изгледа, и дека пред нејзино облекување треба задолжително да се испере.
Тој исто така додава дека боите и материјалот можат да предизвикаат иритација на кожата, но и алергиска реакција.
– Во некои случаи луѓето добиваат вошки, кои се пренесуваат додека луѓето ги пробуваат алиштата во гардероберот во продавницата. Преку облека може да се пренесе и шуга – вели д-р Белсито.