Државјанка на Србија, следбеник на ИСИЛ Е.Џ. (21) е уапсена вчера во БиХ, била добро тренирана за самоубиствени напади и е подготвена со своите истомисленици да изведе терористички напади на овие простори, пишува Блиц.
Како што пренесува порталот, девојката наводно имала задача да собира податоци, но и да врбува други жени во редовите на ИСИЛ. Според податоците на српските безбедносни служби таа се споменува и како најблизок соработник на радикалниот вахабистички лидер од Горна Маоча.
Како што пренесува Блиц, Е.Џ. е добро тренирана за самоубиствени напади.