Во Македонија има прогресивно зголемување на бројот на мозочни удари. Старосната граница се намалува, а причините се бројни, меѓу кои се начинот на живеење и ризик факторите кои треба да се избегнуваат… Многу млада популација посебно жени во период на бременост е загрозена со појава на проблеми со мозочна циркулација.
Најмладиот пациент со мозочен удар е на возраст од 15 години, јавува Канал 5.
Ова денеска го истакна директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на јапонскиот амбасадор Макото Такетоши на таа јавна здравствена установа, а по повод јапонската донација во нова опрема – ултразвук доплер, видео ЕЕГ и транскранијален доплер, која е поставена и се употребува во таа Клиника.
Кузмановски рече дека во таа јавна здравствена установа дневно има повеќе од 10 пациенти со мозочен удар. Посочи дека секоја промена на временските услови доведува до зголемување на бројот на пациенти со мозочен удар и проблеми со мозочна циркулација.