Алармантно! До 2040 година секој четврти човек над 65 години ќе боледува од рак


Покрај тоа што се поголем број од луѓето ќе заболат од оваа болест, ќе расте и бројот на оние кои ќе ја преживеат истата, а најмногу шанси за тоа ќе имаат заболените од рак на дојка и простата.

Бројот на луѓе постари од 65 години кои ќе преживеат карцином ќе се зголеми за дури три пати во наредните 30 години, тврдат научниците од Колеџот Кингс во Лондон. Според досегашните претпоставки и податоци, до 2040 година од карцином ќе заболи секој четврти човек постар од 65 години. Најмногу ќе расте бројот на заболени од рак на бели дробови, а најголеми шанси да преживеат ќе имаат заболените од рак на дојката и простатата.

Шансите за преживување од оваа подмолна болест ќе се зголеми исто така за 3,4 отсто кај мажите и 4,6 отсто кај жените. Покрај тоа што ќе се зголеми бројот на луѓето што ќе го победат ракот, тие во исто време ќе го сочинуваат поголемиот дел од светската популација, тврдат научниците.

– Се почесто карциномот се открива на време, а напредните третмани им овозможуваат на заболените и понатаму да живеат и да се справат со оваа зла болест, истакнува првиот човек на истражувањето Хенрик Милер.

Треба да работиме на третмани кои ќе им помогнат и на старите луѓе. Понекогаш се случувало лекарите да ја потценат нечија сила поради староста иако не се свесни колку човечкото тело може да издржи без разлика на возраста, истакнува Мајкл Мичел од британското хуманитарно здружение „Години“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1