Алармантно: Три големи експлозии на Сонцето ослободиле огромна радијација


НАСА објави алармантни фотографии кои прикажуваат дури три соларни ерупции, кои се случиле за само два дена на површината на Сонцето и за кои се верува дека заради нивната сила би можеле да предизвикаат пречки во радиокомуникациите, пишува The Independent.

sunce-foto-youtube-1402509039-513787Експертите на НАСА, потенцираат дека ваквите експлозии предизвикуваат испуштање на огромни количини Икс зраци, кои заради големата радијација се штетни за луѓето.

Иако уверуваат дека количеството радијација од толкави размери не може да се пробие низ атмосферата на Земјата, предупредуваат на можноста оваа радијација да влијае врз атмосферата.

Експлозиите забележани во вторникот биле со јачина од X 2.2 и X 1.53, што е доволно моќно да влијаат врз радиокомуникацијата ширум Европа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1