Албанец 10 години ја силувал ќерката – доби 34 години затвор


На четириесет и седум годишен албански емигрант кој десет години сексуално ја злоставувал сопствената ќерка, судот во Солун му изрече затворска казна во траење од 34 години.

siluvanoДевојчето, сега на седуманесет годишна возраст, почнал да го злоставува кога имало само седум години, јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми.  Десет години детето молчело поради заканите на таткото дека ќе го убие, но кога се обидело да се самоубие со сечење на вените, за грозоморниот настан дознала нејзината мака.

Тетката на злоставуваното девојче го пронашла со исечени вени, по што го однела девојчето во полиција.

Во текот на судењето таткото постојано повторувал дека бил пијан и оти не се сеќава на ништо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1