Албанец од Македонија добил милион евра отштета од казино (Фото)


Албанец од Македонија кој живее во Швајцарија добил милион евра обештетување од австриското казино „Касино Астриа“

 

Дваесет и шестгоидшниот Бехар Мерлаку, Албанец од Македонија, бил во казиното и еден од апаратите, поради техничка грешка на екранот покажал бројка од 43 милиони евра. Бехар бил убеден дека е добитник и барал од менаџментот на казиното да му ги исплати парите, јавува МИА.

Но казиното одбило да исплати, велејќи дека станува збир за софтверска грешка, зашто во нивното казино не постоле милионски добивки. Мерлаку си ангажирал адвокат и го тужел казиното.

Тој барал обештетување од 4 милиони, а казиното му нудело 500.000 евра. Но, според австрискиот весник „Хеуте”, тој со казиното од Брегенз постигнал вонсудски компромис, согласувајќи се да добие милион евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1