Албанската влада во заминување предводена од премиерот Сали Бериша, во средата ја усвои одлуката за давање на албански државјанства на сите Албанци по потекло, освен оние од Косово.
Бериша на седницата на владата нагласи дека со одлуката се определуваат процедурите за добивање на албанско државјанство.
Премиерот во заминување истакна дека Албанија е последна држава во регионот и Европа која овозможува давање на државјанство на своите сонародници, бидејќи тоа, како што рече, сите други го сториле многу порано.
Според Бериша албанските министерства за надворешни и внатрешни работи од 1 август треба да инсталираат систем како да се аплицира и да се добие државјанството.
Тој појасни дека оваа одлука мируваше четири месеци, бидејки, како што нагласи, таа не требала да се донесе пред одржувањето на парламентарните избори во земјата
Makfax