Сноуден го затвори небото над Европа – приземјен авионот на претседателот Моралес


Духот на Едвард Сноуден синоќа го затвори небото над половина Европа. Најбараниот Американец требаше да биде, но никој не го најде во претседателскиот авион на Ево Моралес.

avion snoudenБоливискиот претседател од Москва тргна дома, но стаса само до аеродромот во Виена. Неговото летало беше приземјено откако Франција и Португалија го затворија воздушниот простор, по добиените информации дека Сноуден се крие во авионот на Моралес во обид да биде пренесен во Боливија, а таму да добие политички азил.

-Излезе дека ние сме носеле дух меѓу патниците. Вознемирени сме зашто беше загрозен животот на нашиот претседател. Ова е дискриминација. Овде станува збор за претседателски авион, изјави министерот за надворешни работи на Боливија, Давид Чокуехуанса.

– Тоа се обични лаги и дело на американската влада, чија цел е да му наштети на имиџот на нашата влада и на претседателот Ево Моралес, изјави министерот за одбрана, Рубен Савреда.

Голготата на Моралес заврши попладнево, откако Шпанија дозволи преку нејзина територија авионот да полета кон Ла Паз, но скандалот остана. Свикана е итна средба на лидерите во Латинска Америка за надминување на кризата.

– Не знам зошто го гонат? Дали убил некого или можеби поставил бомба. Напротив, спречи војни и незаконски дејствија ширум светот, изјави Никола Мадуро, претседател на Венецуела.

А, светот во 30-годишникот веќе виде нов херој. Четворица аматери веќе снимија 5-минутен трилер, кој ја следи приказната на бегалецот во Хонг Конг пред да пребегне во Москва. Екс техничарот на ЦИА се уште е на безбедно, засолнат во правниот вакум на транзитната зона на московскиот аеродром, во исчекување позитивен одговор на барањата за политички азил испратени до 21 земја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1