Драма во Египет: Претседателот во притвор, војската ја завзеде телевизијата – во тек е државен удар


Помина 48 часовниот ултиматум што војската му го достави на египетскито претседател Мохамед Морси за тој да се повлече од функцијата, по што медиумите објавија дека тој е во притвор, а војската ја завзела телевизијата, побарала од вработените да ја напуштат зградата, освен неопходниот персонал.

egipetСоветникот на египетскиот претседател за безбедност Есам Ел-Хадад изјави дека во тек е државен удар и дека очекува војската со сила да ги растера приврзениците на Морси кои протестираат паралелно со неговите противници.

„Во денешно време ниту еден воен удар не може да успее без големо крвопролевање кога постои толкава сила на народот“, изјави советникот Ел-Хадад, пренесе Reuters.

Египетските сили за безбедност му забранија претходно на претседателот на Египет Мухамед Морси и на уште неколку некои значајни исламистички сојузници да патуваат во странство. Управата на аеродромот потврди за AFP дека доби наредба да спречи некои лидери да патуваат во странство, меѓу кои и Морси, лидерот на Муслиманско братство Мухамед Бади и неговиот заменик Каират ал-Шатер.

Египетската војска денеска ја опколи зградата на државната телевизија во Каиро, а во зградата останаа само вработените кои се неопходни за емитување на пограма во живо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1