АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ШВЕРЦЕРИ НА ЛУЃЕ, МЕЃУ НИВ И МАКЕДОНЦИ


Албанската полиција соопшти дека е разбиена криминална група,дел од меѓународна мрежа, која организирала нелегален влез на албански граѓани во Велика Британија, САД и Канада.

Ова е седма по ред криминална група од почетокот на големата акција во која до сега уапсени се 39 лица, додека по 12 албански и странски државјани распишана е меѓународна потерница.

Меѓу последно уапсените се и петмина македонски државјани,за кои полицијата тврди дека биле главни во организирањето на овој „бизнис“.

-Во втората фаза од големата полициска акција „One If By Land”,која е организирана во соработка со специјалните американски агенти, а беа вклучени и полициите на други земји, разбиени се седум криминалани групи. Членовите на овие групи заинтересираните лица ги префрлувале со фалсификувани документи за што наплатувале по 7 илјади фунти за влез во Велика Британија, додека од 25 до 30 илјади долари за САД и Канада.Меѓу уапсени се и двајца албански полициски службеници од Меѓународниот аеродром во Тирана и петмина Македонци, изјави Едуарт Меркал, директор на албанската крим полиција.

Уапсени се македонските државјани Б.В. за кого не се наведува од кое населено место е, потоа стружаните А.Д. Г.Д. и З.Д. како и охриѓанецот И.М.

Според Меркал од истргата е утврдено дека групите кои делувале во Албанија, Бугарија, Шпанија, Франција, Доминиканската Република, Италија, Велика Британија, Канада и САД на овој начин „прошверцувале“ најмалку 300 лица,албански државјани, во Велика Британија,САД и Канада.

За транспорт на лицата се користеле релациите Албанија-Италија-Велика Британија, Албанија-Франција-Велика Британија, Албанија-Франција-Белгија-ДоминиканскаРепублика-САД/Канада, како и Албанија-Шпанија-Латинска Америка-САД/Канада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1