Дваесет и осум годишниот Е.К. од Кичево и Е.Т. (19) албански државјанин, жител на градот Елбасан, добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Обљуба врз немоќно лице“.
На пријавените, истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена по што тие се спроведени во казнено-поправната установа во Битола.
На трети овој месец околу 22 часот, пријавените извршиле полови дејствија врз 28 годишна прилепчанка со заостанат психички развој. Тоа го направиле во подрумска просторија од зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево каде Е.Т. злоупотребувајќи ја нејзината немоќ и заостанатиот душевен развој започнал да ја допира девојката по целото тело. Во исто време Е.К. го гледал тој чин и вршел други полови дејствија.
По јавување на полициски службеник кој бил во непосредна близина на зградата и го слушнал плачот на девојката од подрумот, пријавените веднаш се приведени. Девојката е пренесена на преглед во општата болница во Кичево, а на местото на настанот извршен е криминалистичко технички увид.
Од страна на дефектолог од кичевскиот центар за социјални работи потврден е заостанатиот психички развој на девојката.
Инаку сега притворениот албански државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија.