Момче се давеше во Охридско – вистинска драма ги крена на нозе капачите на Славија


22 годишен гостиварчанец утрово бил спасен од водите на Охридското Езеро, кај плажата Славија, јавува OhridNews.

ohrid-plaza-u-pestanuСпоред порталот, момчето со хендикеп се давело во водите на Охридско, но, за среќа, граѓаните кои во моментот биле на плажата веднаш интервенирале и го извадиле од водата. Прва помош му пружил лекар кој случајно се нашол на плажата.

Спасителите на Црвениот крст веднаш пристигнале и му дале вештачко дишење на младиот гостиварчанец.

-Веднаш била извршена реанимација и вештачко дишење, по што давеникот е пренесен во охридската општа болница, истакнал Сашо Точков од Црвен крст Охрид, за ohridnews.

Според Точков, овој инцидент треба да ги натера концесионерите на охридските плажи да ангажираат обучени спасители на вода.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1