Со новиот Закон за јазици, се предвидува двојазичност на униформите на полицијата. Меѓу другото, во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.
Во предлог законот јасно е наведенот дека „Униформите на полицијата, пожарникарите, во здравството во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
Согласно со по донесувањето на законот на полициските униформи освен натписот „Полиција“ ќе стои и истиот натпис преведен на албански „„Polici“. Ваков натпис освен во Скопје ќе стои и на полициските униформи во Тетово, Гостивар, Струга, но Велес и други општини.
По повод усвојувањето на текстот на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика ќе ги презентираат деталите од договорот.