Албанските фудбалери го криеле леталото во соблекувалните


Албанските фудбалери го сокриле леталото кое го носеше албанското знаме на „голема Албанија“ во соблекувалната откако го напуштиле теренот на стадионот Партизан.

Делегатот Хари Бин два часа барал од Албанците да изнесат еден од двата докази за прекинот на мечот со Србија.znameeeee

Еден од фудбалерите на албанската репрезентација со себе го зел леталото кога настана метежот веднаш штом беше прекинат мечот.

Другиот доказ, знамето на „голема Албанија“ поради што и беше прекинат натпреварот завршил во канцеларијата на делегатите.

Натпреварот кој требаше да биде одигран како дел од квалификациите за Европското првенство 2016 година, беше прекинат на 41-та минута после скандалозната провокација на Албанците, општиот метеж и тепачката која следеше.

Играта беше прекината кога леталото кое го носеше знамето беше забележано над теренот. Тогаш судијата ја прекина играта, а Стефан Митровиќ го фати знамето по што го нападнаа играчите на албанскиот тим.

И навивачите се симнаа на теренот, кога судијата Мартин Еткинсон ги одведе играчите во соблекувалните, а по еден час мечот официјално беше прекинат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1