Германска пратеничка рече,, Целата влада на Косово е составена од поранешната УЧК. Во сенката на германскиот тенк обновената терористичка организација сее терор и во соседните земји, како што е Македонија-за што пратеничката доби громогласен аплауз.
Говорот во Бундестагот на пратеничката ја ,,запали“ Германија и предизвика бурни овации. Пратеничката со турско потекло изнесе тешки обвинувања на сметка на Косово и УЧК.
Ова го изјави германската пратеничка, дискутирајќи на седницата на Бундестагот за барањето на германската влада и НАТО, германскиот контингент на КФОР во Косово да добие нови 45 милиони евра за уште една година, која исто така наведе,,Бундесвер во Косово е присутно 16 години, а ни една цел не е исполнета“.
-Целата влада на Косово е составена од припадници на поранешната УЧК. Припадниците на УЧК кои неодамна ја загрозија безбедноста во Македонија. Тие терористи на УЧК кои загинаа во Македонија, во Косово беа погребани како херои, во присуство на високи претставници на власта и се прикажуваат како маченици-рече пратеничката Дагделен и истакна дека Косово прерасна во регион во Европа од каде што заминуваат најмногу борци за т.н. Исламска држава Ирак и Сирија.
– Се регрутираат пред очите на НАТО и војската која ја испративме таму. Мислам дека Германија не може да продолжи со поддршка на големоалбанскиот национализам, УЧК и на терористичкиот центар во Косово, кој во регионот и на Блискиот исток носи насилство и терор- истакнува пратеничката Севим Дагделен.
Говорот на Севим неколку пати е прекинуван од аплауз на пратениците.