Американскиот актер Алек Болдвин е уапсен во Њујорк, поради удирање човек во борба за паркинг место, објави Би-Би-Си.
Портпаролот на полицискиот оддел за Би-Би-Си изјавил дека актерот бил притворен и се соочил со обвинение за напад.
Ова не е прв пат 60-годишниот Болдвин да има проблеми со законот. Тој во 2014 година, беше уапсен поради неуредно однесување.
Наводното насилство се случи во западниот дел на село во Менхетен.