Пејачот Ален Исламовиќ верува во судбина и тврди дека некој од горе го следи во се што работи. Се уверил во тоа кога му помогнал на едно девојче во Бихаќ, а потоа за малку ќе доживеал судир.
-И дадов пари и неколку часа потоа тргнав за Загреб. На автопатот за момент сум заспал. Возев со 180 км на час и некој звук ме разбуди. Пет часа пред тоа направив добро дело, со полно срце и ми се врати со тоа што не настрадав, вели поранешниот пејач на Бијело дугме и Дивље јагоде.
Ален со години не носи ланчиња, алки и часовник, дури го извадил и венчалниот прстен. Смета дека секое пресекување на нервите и крвотокот може да донесе до болест болести кои траат со години. Вели дека и телото почнало да го предупредува за исхраната, па така внимава што јаде. Се храни со главно готвена храна и бира здрави продукти.
Сопругата Маријана (51) и ќерките Лара (19) и Уна (27) се пријатно изненадени од промената зошто Ален до неодамна бил голем љубител на месо. Сопругата чувствува дека тој сега е полн со енергија.
-Еднаш ставив рака на својот желудник зошто имав болки и за 15 минути ме помина. Само од допирот на мојата рака, вели Ален Исламовиќ.