Комисијата за култура во Алијанса на Албанците, на денешната прес конференција побара од Министерството за култура да ја повлече одлуката за доделување средства за годинешната програма за култура, заради неправилности и непочитување на правилникот за доделување средства.
– Одделот за култура во Алијасна на Албанците контактираше со колеги уметници од различни смерови на уметноста и општ впечаток е дека и оваа година средствата на албанските даночни обврзници заминаа кај здруженијата што се политички прифатливи за партиите на власт. Исто така, се забележува и дека создадените комисии ни од далеку не ја завршиле својата работа, што се гледа од вашите написи и истражувања на оваа тема. Вие не информиравте за непотизмот, за ад-хок регистрирани здруженија, без ниту еден предходно реализиран проект, а кои добивале буџет како да имаат богато портофоли. Од друга страна на здруженијата кои се докажани во реализација на проектите им се доделени смешни суми. Вклучувајќи ги тука и смешните суми дадени за реализациа на претстави, концерти или фестивали,рече Елмир Сејфулаи, претседател на комиисјата за култура на АА .
Оттука, како заклучок, велиме дека ова расподелба на буџетот е скандалозна и бараме од Министерството за Култура да ја објави како неважечка оваа годишна програма и во што побрз рок да објави нов конкурс. Исто така, бараме членови на комисиите да се одберат од цивилното општество, еминентни непартиски уметници, додека во изборот да не важи принципот на квантитет, туку квалитет. Уметноста не трпи популизам, туку треба да се оснива во вредностите. Да не се даваат повеќе по 5.000 евра за 10 претстави, туку да се даваат 10.000 евра за пет претстави и оваа да важи и за други смерови на уметноста, рече Сејфулаи.