Алими: Нема да ги срамам двата сина, дека татко дал ветување, а избегал


„Пред вас ви ветувам дека ниту во еден момент не ми паѓа на памет да бегам од мојата земја. Да беше така немаше да дојдам од Швајцарија сам да се пријавам. Сакам сериозно да ме сфатите дека ова ветување го давам пред целата јавност“, кажа Абдулфета Алими обвинет за настаните на 27. април, кој доби казна затвор во времетраење од 7 години и додаде:

„Кога давам ветување под ниедна цена нема да го јадам моите зборови и да ги срамам моите два сина, дека татко дал ветување, а избегал. Треба да го земете во предвид ова, бидејќи не се малку 7 години, а мене ми остануваат уште 6 ипол ако остане вака. Нема да живеам 200 години, па да бегам негде. Ако Апелација го потврди ова ќе одам во затвор и нема да биде крај на животот. Затоа замолувам до потврда на апелациониот суд да се бранам од дома“, кажа Алими.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1