Казните ако полиција ве застане и открие дека во крвта имате поголемо количество на алкохол се многу големи, затоа најдобро е ако сакате да пиете, автомобилот да го оставите дома и да се движите со такси.
Но, ако сепак излезете со вашиот автомобил, добро би било да знаете колкава количина од одреден алкохолен пијалок можете да испиете и кога треба да престанете со пиењето, доколку сакате да бидете во можност да го возите вашиот автомобил.
Треба да знаете дека нивото на алкохол во крвта зависи од повеќе работи: колку сте тешки, каков алкохол консумирате, колку време пиете, колку време минало откако сте престанае да пие, дали сте јадени.
Интернет-порталот www.zolta.com.mk нуди опција сами да си измерите колкаво количество алкохол имате во крвта откако точно ќе наведете дали сте маж или жена, колку килограми имате, што и колку сте испиле, колку време сте пиеле, а колку време паузирате…
Алкотестирајте се ОВДЕ