Алкохол се истурил – слонови се напиле и направиле лом во селото


 Педесет пијани слона предизвикаа хаос во индиско село и уништија многу дрвни куќички, по истурање на 500 литри алкохол. Животните  уништиле продавница за порибување и многу земјоделски посеби, по испивањето на 18 контејнери алкохолни пијалаци.


Стадото го привлекло од шумата силниот мирис на Махуа. Селаните од Думуркота успеале да ги избркаат слоновите по инцидентот и шумарските служби потоа се обидоа да ги префрлат преку наблиската река.

„За жал овие животни живеат во близина на човекот и го препознаваат мирисот на пијалокот“, рекол полицискиот портпарол Асиш Саманат. Тој додал дека слоновите биле во иста состојба како пијани луѓе, поради што биле „агресивни и неразумни“, само што биле многу, многу поголеми.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1