Во кои професии има најмногу психопати


– Психопатите често може да се најдат на висока функција

– Напредуваат на работни места каде се бара носење на сериозни одлуки

– Без разлика кој и да победи, американската економија е како фискална карпа

Лесно може да се вработите во компанија на психопат, според една книга, бидејќи психопатите сакаат да напредуваат и често имаат професија со чија помош поседува многу моќ и бара луѓе со одлучувачки карактер.

Книгата „Мудроста на психопатите: Што може светците и сериските убијци да не научат за успехот“ ги потенцираше 10-те работни места што психопатите ги сакаат. Многумина мислат за психопатите дека се сериски убијци и силувачи  – затоа што повеќето сериски убијци се психопати. Не се сите психопати убијци.

На работно место, психопатите се окарактеризирани од нивните обиди да ја поткопаат самодовербата на нивните соработници и да ги „уништат ментално“, за да можат да ја хранат сопствената моќ и доминација врз луѓето. Најпознатите психотерапевти минатиот месец ги предупреди австралиските шефови, дека мора да имплементираат стратегии за подобро да ја менаџираат  работната средина од психопати, бидејќи нив ги има во повеќето големи компании.

„Тие никогаш немаат чувство на вина или каење, напротив, тие уживаат во страдањето на други луѓе “, Д-р Џон Кларк рекол на конференција во Тасманиа. Книгата кажува дека психопатите се стремат да бида во улога каде луѓето имаат потреба да прават „објективни, медицински одлуки со чувства“, пренесува Бизнис Инсајдер.

Топ работни места за психопати:

1. Сопственик на компанија

2. Адвокат

3. Медиум (ТВ/Радио)

4. Продавач

5. Хирург

6. Новинар

7. Полицаец

8. Црковно лице

9. Шеф

10. Државен службеник

Од друга страна, психопатите е веројатно дека на клучни позиции на професии што бараат емпатија, човечка интеракција и чувства.

Работни места кои најмалку би ги избрал психопат:

1. Нега

2. Сестра

3. Терапевт

4. Занаетчија

5. Козметичар

6. Работник за добротворни цели

7. Учител

8. Креативен уметник

9. Доктор

10. Сметководител

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1