Алкохоличар уби 3 лица поради машина за перење алишта а потоа бил убиен од неговиот син


Маж во Лос Анџелес во новогодишната ноќ уби три лица пред неговиот син да му го одземе пиштолот и да го убие него а трагедијата била причинета поради караница за машина за перење алишта, пишува Гардијан пренесува „Блиц“.

Меѓу жртвите е и 48 годишната девојка на синот на убиецот која живеела во истата куќа во местото Роланд Хајтс како и 27 годишниот маж кој бил гостин во новогодишната вечер.Screenshot_279

Во соопштението на локалната полиција се додава дека 54 годишниот татко бил алкохоличар и дека имал голема колекција на пиштоли како и дека полицијата повеќе пати ја посетувала нивната куќа.

Истражувачите ги испитувале преживеаните сведоци за да утврдат што го натерало таткото да употреби полуавтоматски пиштол.

-Изгледа дека меѓу таткото и девојката на неговиот син избила караница поради користењето на машината за перење алишта. Од некаква причина, тоа го налутило таткото, изјавил поручникот Џон Корин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1