Наместо до 19 како што беше до сега, од денеска почнува продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ова „летно сметање“ на продажба на алкохолните пијалаци трае од денеска па се до крајот на септември. Сепак, и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетници. Според законските одредби, за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“ и „парична казна до 5.000 евра“.