„Ало докторе“ започнува со работа


Со проектот на Владата „Ало докторе“, кој започнa од понеделник, граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чуствуваат, истакна министерот за здравство Никола Тодоров пред кол-центарот, кој се наоѓа во Итната медицинска помош до поликлиника Букурешт

alo lekar

– Во проектот што денеска го промовираме се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори, истакна Тодоров.

Појасни дека во проектот се вклучуваат сите директори од скопските клиники и здравствените установо во градот кои што ќе работат по една смена во месецот во кол-центарот „Ало докторе“ по четири часа.

– Тоа значи дека секој ден од 18 до 22 часот ќе има по еден доктор, кој што е директор во некоја од клиниките, односно специјалист или доктор на науки со огромно искуство, кој ќе прима повици и ќе дава совети на граѓаните кои што сметаат дека имаат потреба да се јават на овој телефон, рече Тодоров.

Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ појасни дека преку овој број граѓаните од цела Македонија ќе можат да добијат соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, симптоматска терапија или пак повикот да биде препратен до итната медицинска помош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1