Наставниците ќе штрајкуваат на 29 септември


Синдикатот за образование вчера пресече на 29 септември да стапи во генерален штрајк. Одлуката е наставниците и професорите да одат на работа, но нема да држат настава. Вработените во образованието ќе штрајкуваат с` додека Владата и надлежните институции не им излезат во пресрет на нивните социјални барања и не ги повлечат спорните измени во Законот за образованието, со кои според синдикатот, грубо се крши Уставот.
skolo vnatre
Од СОНK на прес-конференција соопштија дека оставаат простор за „помирување“ пред да почнат со штрајкот за да се најде заедничко решение со власта. Очекуваат поддршка од 30.000 члена, вработени во градинките, основното и средното образование и културата.

СОНK бара поголеми плати за вработените во градинките и применување колективен договор во делот на платите, поголеми плати за вработените во основните и средните училишта. Ќе протестираат и поради моделот на екстерно тестирање во основното и во средното образование, поради несклучување колективен договор за високото образование и за науката. Забелешките за културата се однесуваат на шестгодишното преговарање со Министерството за склучување нов колективен договор.

Незадоволството меѓу просветарите кулминира со донесувањето на измените во Законот за образование, кој доби потпис и од претседателот на државата. Со измени во законите за основно и за средно образование, се воведе рестриктивен пристап во правото на штрајк во образованието, преку можноста наставниците-штрајкувачи да бидат заменети со други додека трае штрајкот.

-Убедени сме дека резервни наставници ќе нема оти станува збор за огромна бројка наставен кадар што ќе треба да се замени. Но, и законски не ќе смеат да вработуваат нови работници, додека трае штрајкот – вели Јаким Неделков, претседател на СОНK.

Од СОНK бараат со Владата да се преговара за нивните барања.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1