Одело не одело детето на школо, јадело или не јадело, на родителите им наплаќаат за хранарина


Kолку основни училишта, толку цени и начини на организирање на исхраната за целодневната настава во Скопје. Од 1.500 до 2.500 денари за појадок, ручек и ужинка која во некои скопски училишта и задолжително мора да се плаќа, без оглед дали детето може да ја јаде. A токму ова ги лути родителите, пишува Дневник.

– Син ми е второ одделение во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар и е мошне специфичен во исхраната. Едноставно не јаде многу работи и затоа сакав сама да му ја приготвувам храната за на училиште. Но, н` известија дека ако сакаме да оди во целодневна настава, мора да се храни во училиштето. Сега за џабе плаќаме 1.890 денари бидејќи не јаде во училиштето – вели мајката Радмила С. hrana skolo
Вакви случаи кога родители за џабе плаќаат храна за целодневна настава има многу, а интересно е тоа што задолжителната исхрана ја нема во секое училиште. Разлики како во цените така и во одлуката дали исхраната е задолжителна или не има во училишта од иста општина. Некаде се доплаќа по 500 денари за ужинка, а некаде истата е вклучена во цената за менито.

Директорката на Основното училиште „Братство“ од општина Kарпош, Соња Силјановска вели дека сите деца што се во целодневна настава се хранат во училиштето.

– Ние имаме кујна, децата јадат таму и не може да се внесува храна однадвор. Што ќе се случи ако има некакво труење, кој ќе одговара. Родителите се информирани дека децата што посетуваат целодневна настава се хранат во училиштето – вели Силјановска.

Директорката Милка Тримчевска од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ од општина Аеродром објаснува дека училиштата се законски обврзани да организираат топол оброк за целодневната настава.

– Ние како училишта мора да водиме грижа децата да се нахранети. Сепак, не е задолжително, бидејќи има секакви ситуации. Има деца кои јадат специфична храна, деца со алергии или здравствени проблеми. За овие деца родителите се грижат и најчесто носат храна од дома. Во нашето училиште, повеќето ученици што одат во целодневна се хранат во мензата. Годинава менито се плаќа 1.990 денари. Изборот го прават претставници од родителите и од наставниците – вели Тримчевска.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1