Сакам да ја пријавам сестра ми. Цел живот немаше пари, одеднаш по смртта на мажот ~ има станови и куќи. Барам државата да ми објасни од каде ~ се парите.
А ако и се од, како што сонував, богатството на Kлеопатра, кралицата македонска, земете и го. Тоа и припаѓа на Република Македонија. Откако се објаснија дека нема основа за пријавата, дека фирмата е затворена, жената сама ја одгатна мистеријата. Односно побара државата да провери дали е вистина тоа што го сонила дека сестра ~ го има богатството од древната египетска кралица со македонско потекло.
Вака го почна разговорот револтирана средовечна битолчанка, која се јави на бројот 198 во центарот за повици на Управата за јавни приходи, на кој граѓаните може да пријават даночни неправилности. „Дневник“ помина неколку часа со операторите за да ги слушне проблемите на граѓаните дали и што пријавуваат.
Вакви, а и многу други поконкретни повици добиваат операторите во кол-центарот на УЈП, на бројот 198, кој функционира од 2004 година. Додека екипата на „Дневник“ беше таму, телефоните во контакт-центарот не престанаа да ѕвонат.
Во просек месечно има по 600-700 повици. Најмногу се за неиздавање фискални сметки, работење на диво, нерегистрирани фирми, даночно затајување. Има случаи кога намерно се пријавува комшијата, конкуренцијата или некој најблизок за да му се напакости. Имавме и пријави и за наши вработени, а има и измислени приказни – велат вработените во контакт- центарот.
Платата на поранешниот сопруг
Вработените објаснуваат дека освен вообичаените повици, чести се и тие кога еден од бившите сопружници бара да проверат колкава е платата на другиот бидејќи не плаќал алиментација. Тие велат дека има јавувања со кои се кодоши сосед што издава стан. Дури се даваат информации каде кираџијата му ги оставил парите за наемнина на комшијата, дали под чергиче, во поштенско сандаче или во кутија.
Брачна кавга разоткри салон за секси масажа
Kавга на сопружници била причина да настрада козметичкиот салон во Скопје. По долга расправија со својот сопруг, анонимната жена одлучила да пријави дека во козметичкиот салон нудат посебен тип масажа, само за мажи. Односно дека наместо масажа, се нудат и сексуални услуги.
Целата сторија на – Дневник