Алжирскиот патнички авион, со кој денеска беше изгубена врската, се урнал во Нигер, јави приватната алжирска телевизија „Елнахар“.
Авионот со 116 патници се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер. Светските агенции најпрво јавија дека авион исчезнал од радарите 50 минути по полетувањето.
Авионот на Ер Алџири што исчезна од радарите утрово меѓу Буркина Фасо и Алжир најверојатно се урнал кај градот Нијамеј, во западноафриканската држава Нигер, велат ЦЦТВ .
Првичните информации се дека авионот веројатно се урнал поради силна песочна бура.
Авионот претходно бил пренасочен од маршрутата поради слаба видливост, како и поради ризик од судирање со друг авион, кој летал од Алжир кон Мали.
Францускиот министер за транспорт соопштил дека многу од патниците во авионот биле Французи, а според неофицијални информации во авионот имало 80 патници од Франција, кои патувале кон Париз.
Шесте члена на екипажот биле Шпанци, а авионот бил сопственост на шпанската приватна авиокомпанија Свифтер.