Амал Амалудин за венчаницата: Сакав да го гушнам Оскар де ла Рента


Списанието Vogue сними фотосесија зад сцената на свадбата на Џорџ Клуни и Амал Аламудин. Во октомврискиот број на американското издание на модната библија фановите на Клуни можат да го видат конечното облекување на венчаница на невестата од ветеранот-моделиер Оскар де ла Рента.e9d2fd40180d5ded17372437af3b9d14

Кадрите се дело на врвната фотографка Ени Лејбовиц. На нив се гледа како британската адвокатка од либанско потекло е на проба во Њујорк кај 82-годишниот дизајнер. Акцентот на сликите, се разбира, е на неверојатниот фустан од тантела и тул во боја на слонова коска. Амал објаснува за списанието и зошто со Џорџ го избрале токму овој дизајнер да ја облече за најважниот ден во животот.george-clooney-01-435

“Тој е човекот кој секоја жена сака да го прегрне. Со Џорџ сакавме романтична и елегантна свадба и не можев да се сетам на друг, попособен дизајнер од Оскар, кој да ќе го прикаже сето она расположение во еден фустан. “Амал раскажува дека процесот на дизајнирање бил” магичен “и дека Де ла Рента е вистински господин.

Амал и Џорџ се венчаа викендов во Венеција, Италија, а во ѕвездената листа на гостите беа Синди Крафорд, Ана Винтур, Емили Блант, Џон Красински, Боно и Мет Дејмон.

Младоженецот носеше смокинг на Armani.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1