Светските ѕвезди се собраа на најпрестиниот Филмски фестивал во Кан. Амал Клуни пак беше во центарот на вниманието благодарение на својот прекрасен фустан, но и на долгите нозе кои ги откри.
Помина година и пол откако Џорџ Клуни и Амал Аламудин се венчаа, но интересот на јавноста за славната двојка не престанува, особено што приватните моменти се обидуваат да ги зачуваат за себе, а на црвениот тепих делуваат складно и вљубено како на почетокот на врската.
Успешната адвокатка за човекови права на сите им е дополнително интересна, бидејќи за јавните настани одбира прекрасни креации, па во Кан сите со нетрпение исчекуваа во што ќе се појави на црвениот тепих. И не разочара!
Љубителката на дизајнерски парчиња носеше бледожолт фустан на „Атеље Версаче“, кој со својата лелеавост и дополнителна наметка ѝ правеше проблеми во текот на позирањето, но држејќи се цврсто за раката на сопругот, Амал со насмевка ги совлада неколкуте непријатни моменти и попатно ги покажа долгите вити нозе.
Убавата креација беше полн погодок за тенката адвокатка, но веројатно не сметала на тоа дека од ветарот носениот лесен материјал ќе ѝ се плетка околу нозете, а во текот на позирањето се бореше и со наметката па ѝ помогнаа сопругот Џорџ и асистентот за полесно да се смести на скалите и да позира со остатокот од филмската екипа – Џулија Робертс и Џоди Фостер.